„Не е сè така идеално“: Секси блогерка открива каков е навистина животот на Инстаграм ѕвездите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пиа Муеленбек беше успешна адвокатка, но поради својот изглед стана интернет сензација и еднакво успешна модбна блогерка.

Денес е сопственичка на бутикот The SLINKII и влијателна личност на социјалните мрежи, популарно наречена social influencer. Само на Инстаграм ја следат над 1,7 милиони луѓе, а активна е и на Фејсбук и Твитер.

Во разговор за Unilad открива дека нештата не се секогаш идеални, ниту гламурозни како што изгледаат на фотографиите од Инстаграм ѕвездите. Пример, во местењето за фотографирање во една прилика имала незгода со океанската вода, а таквата фотографија ја објавила на Твитер.

„Првин ми беше смешно, а второ, тоа ми беше добар потсетник дека никој не е совршен и дека сите се трудиме и вложуваме колку што можеме“, изјави додавајќи дека повеќето нејзини „конкурентки“ не би објавиле несовршена и необработена фотографија на нивните социјални профили.

Во една друга прилика, при фотографирањето, паднала од висечката мрежа за лежење, друг пат си го „изгорела“ задникот на тобоган без вода.

„Ја користам burst опцијата на iPhone-от што го имам и за еден добар селфи во просек правам по 200 фотки, од кои една ќе биде добра“, открива Пиа и додава дека иако тоа звучи како голема бројка, всушност станува збор за најмногу една минута фотографирање. Најчесто не повеќе од 15-20 секунди.

„Кога патува, обично истражувам 3-4 часа во денот, се враќам во хотелот и 2-3 часа се занимавам со мејловите поврзани со SLINKII, а потоа подготвувам и средувам фотографии за објавување на Инстаграм следниот ден. Откако ќе го завршам тоа, работам на објавите за блогот, а водам и дневен блог на YouTube, открива таа како изгледа еден нејзин „работен“ ден, а додава дека на патувањата обично генерира 50 до 70GB фотографии и снимки во еден ден.

„Тешка е работата, но се исплаќа“, заклучува обожавателката на Хари Потер и љубителка на природата која редовно помага во пошумувањето.