Исповед на Ракитиќ: За Барса, Луис Енрике, својата иднина…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во разговор со хрватските медиуми, Иван Ракитиќ ги отфрли медиумските нагаѓања во врска со неговото заминување од Барселона и несогласувањето со тренерот Луис Енрике.

„На ниту еден играч на светот не му е мило кога не игра, па ни мене. Признавам, не ми беше сеедно кога пред натпреварот против Виљареал прочитав на паното дека ме нема меѓу осумнаесетте играчи повикани за мечот. Се прашував што е работата, дали е проблемот во мене, што направив погрешно? Сепак, веќе наредниот ден претседателот и спортскиот директор дојдоа кај мене дома и му објаснија дека не морам да се грижам и дека мојот статус во клубот и тимот останува ист“, раскажува Ракитиќ.

Хрватот потоа беше запрашан за изјавата „фрлање од мост“ за Луис Енрике која ја објави „Франс Фудбал“.

„Ха, ха. Тоа интервју за Франс Фудбал беше правено одамна, иако…Не се сеќавам дали постоеше прашање што би направил за Луис Енрике. Не спомнав никакво фрлање од мост, реков само дека имам доверба во тренерот кој ме доведе во Барса“, истакна Ракитиќ, а потоа ги прокоментира шпекулациите за интересот на Јувентус и Манчестер Сити.

„Тоа е нормално кога играш за голем тим, но мојата иднина сеуште припаѓа исклучиво на Барселона. Сакам и понатаму да играм овде, да освојувам трофеи, ова е мојот клуб. Клубот веќе некое време ми спрема нов договор, што значи дека мојата иднина во Барса е сосема јасна“, заклучи Ракитиќ.