Се опуштија на стриптиз и се покајаа – сега ги молат порталите да им ги тргнат сликите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кога деновиве во Задар на гости со свое шоу дошле стриптизери, за дел од девојките од овој град тоа било како „кец на десетка“ за луда и незаборавна забава. Но, типките или подзаборавиле дека се на Балканот, или едноставно се заборавиле во журкањето, па сега таа нивна дивост им се удри од глава.

Порталот Антена Задар имал ексклузивно право на фотографирање на настанот, па откако ги објавија фотките од жешката забава, нивната редакција беше опсипана со барање и молби по електронска пошта, како и повици по телефон дел од нив да бидат тргнати од порталот.

Задранките биле загрижени за последиците од нивното опуштање на забавата. Што ако некој од колегите од работа, или од семејството, ја препознае баш нивната рака на голиот задник од разголениот танчер?

Антена Задар одби да го направи тоа со следното соопштение:

„Не е наш проблем што живеете со примитивци.

Со денови во редакцијата ѕвонат телефоните, па и оној со 0800 за дојава на вести, стигаат пораки и молби, па дури и закани, за отстранување на галеријата фотографии направени на стриптиз забавата во Famous барот. Им се гледаат лицата, задниците, се гледа како ги допираат стриптизерите, им се гледа насмевката од уво до уво. И сега тоа е наш проблем, сега е проблем што дома се соочиле со кавги, неодобрување или можеби и ќотек од нивните мажјаци на кои, сигурно, не им кажале каде одат. Но, ако сте потпишале со мажот да му дадете право со вас да се однесува како со објект, тоа право и потпис со сигурност не сте им го дале на вашите работодавци, надредени и шефови на работа.

Драги девојки, женски, госпоѓи, жени, мајки, љубовници – изборот на вашите мажи е само ваш избор. Драги сите, ќе продолжиме така да ве нарекуваме, вашите надредени и претпоставени не би требало да имаат никакво влијание врз вашиот живот, особено на вашето слободно време. Драги сите, само ваш проблем и само ваше право е како ќе го трошите вашето слободно време. Драги сите, Антена Зада ниту некогаш го правел тоа, а најмалку ќе го направи тоа сега – да брише било што, посебно споменатата галерија. И конечно, драги сите, само ваш проблем е како на вашите алфа мажјаци ќе им објасните каде и со кого сте биле во саботата вечерта – тоа секако не е проблем ниту на нашата редакција, ниту на уредништвото ниту на фотографите“, порачаа од порталот.

Фотографиите од жешката стриптиз забава можете да ги погледнете ТУКА.