Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На фудбалерите на Ливерпул во последно време не им оди баш најдобро на теренот, а на Роберто Фирмињо и надвор од него.
Имено, офанзивниот фудбалер на „црвените“ ќе треба да плати 20.000 фунти казна, откако ја призна вината дека својот авотмобил го управувал во алкохолизирана состојба.
Британската полиција го сопрела Фирмино на Божиќ, бидејќи возел во прогрешна насока. Бразилецот се извинил поради инцидентот, а судијата рекол дека олеснителна околност е што во инцидентот никој не е повреден.
Покрај паричната казна Фирмино една година остана без својата возачка дозвола. Казната, како што образложи судот, ќе биде намалена доколку фудбалерот посетува курсеви за безбедност во сообраќајот.