Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Добра вест за сите љубители на зачинета или лута храна. Истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вермонт неодамна открија поврзаност меѓу долговечноста и конзумирањето на лута храна.
По долгогодишното следење на навиките на 16.000 Американци, истражувачите дошле до резултати кои покажуваат дека на тие кои секојдневно конзумирале лута храна била намалена вкупната смртност за 14 отсто.
Освен што помага кај долговечноста истражувачите потенцираат дека лутата храна ја спречува дебелината. Исто така позитивно влијае на здравјето бидејќи капсаицинот, активен агенс кој го има во црвените чили пиперки, има антиоксидантно и против воспалително дејствие.
И претходните истражувања укажале на тоа дека зачините, посебно нивните биоактивни компоненти, имаат поволно дејство на човечкиот организам.