Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Саудиски принц изнајми авион од компанијата Qatar Airways за да пренесе 80 јастреби кои се негова лична сопственост.
Некој од авионскиот персонал фотографирал каква е атмосферата во авионот за време на летот. Птиците биле врзани за да не летаат низ авионот.
Ова е не така необична пракса кај арапските шеици и принцови, каде одгледувањето јастреби е престижно и скапо хоби. Qatar Airways нуди ваква услуга за транспорт на птиците кои се сместуваат во економска класа. Цената на билетите за нив е од 105 до 580 евра, во зависност од дестинацијата.
Птиците најчесто се пренесуваат за да учествуваат во лов. И Etihad нуди ваква понуда.