Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
UFC борецот по име Ерик Силва го навлече на себе гневот на гледачите за време на дуелот во кој со „евтин“ трик се обиде да го нокаутира својот противник, Нордин Талеб.
Имено, Силва ја испружи раката со очигледна намера да се поздрави со противникот, но кога Талеб сакаше да одговори коректно на поздравот, Силва се обиде да го удри директно главата.
Ова го разлути неговиот противник, кои доби уште поголема желба да го порази арогантниот борец, па подоцна му упати жесток удар во главата по кој Силва заврши нокаутиран на подот.
Иако дуелот е со малку постар датум, од минатата година, сепак, е добар пример за тоа како казната релативно брзо може да ги стигне нечесните и подли луѓе.