Да пука CV-то: Биографијата од новата министерка за образование хит на Фејсбук


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На 15-та вонредна седница на Собранието од Унско-санскиот кантон во Босна и Херцеговина, одржано во Бихаќ, премиерот на УСК, Хѕсеин Рошиќ предложи во дополнувањето на дневниот ред предлог за разрешување на пет министри во Владата на УСК и именување на нови министри.

Со мнозинство гласови беше потврдено именувањето на новите министри Анел Рамиќ во Министерство за внатрешни работи, Златка Шепиќ во Министерство за финансии, Илфад Медиќ во Министерство за земјоделие, Санела Ченановиќ во Министерство за образование и Салих Месиќ за здравство.

Во меѓувреме, најмногу внимание и прашина крена новоизбраната министерка за образование, Санела Ченановиќ, со нејзината биографија која експресно стана хит на социјалните мрежи и мета на потсмев.

Ченановиќ, според податоците достапни од нејзината биографија која ја предала во Собранието на УНК, има дипломирано на Економскиот факултет во Бихаќ, а од 2007 година работи во приватна фирма заедно со сопругот. Тврди дека почнале со работа во производство за странски пазар. Од 2012 година отвориле и нова деловна единица која се занимавала со организација на венчавки и други настани.

„За биографијата навистина немам коментар. Сметам дека, доколку можев да постигнам нешто во приватниот сектор и тоа да биде во совршен ред, тогаш можат да постигнам било што и овде“, изјави Ченановиќ за N1.

Таа е кадар на Сојузот за подобра иднина, а на локалните избори во 2016 година беше кандидатка за Градското собрание во Бихаќ. Таму не успеа да влезе, но беше трета на СПИ листата со 256 гласа.