Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот тенисер Пет Кеш упати жестоки критики кон Роџер Федерер и го нарече „измамник“ поради поради медицинскиот тајм-аут, кој Швајцарецот го побара по завршувањето на четвртиот сет, во финалниот меч против Рафаел Надал.
Роџер Федерер, во осминафиналето, бурно реагираше кога Кеи Нишикори побара медицински тајм-аут, но тој истото го направи во полуфиналето против Стан Вавринка и во финалето против Надал.
Во двата случаеви, Федерер бараше тајм-аут, по завршувањето во четвртиот сет, кога неговите противници беа во налет, односно кога израмнуваа на 2:2 во сетови.
„Не можеш да прекинеш маратон само поради тоа што си уморен. Не можам да опишам колку тоа лошо изгледаше додека го гледав мечот. Тое е погрешно, навистина погрешно. Тоа се вика мамење и не би требало да биде дозволено. То е „легална измама“, но јас сметам дека не е во ред“, изјави освојувачот на Вимблдон од 1987 година.
Федерер веднаш реагираше и ваквиот коментар го окарактеризира како „претеран“ потенцирајќи дека никогаш не би направил такво нешто.