Утре блокада на патот меѓу Скопје и Тетово: Протест на синдикатот на Југохром


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Синдикалната организација Југохром Алзар за утре најави протест и блокада на регионалниот пат од Тетово за Скопје.

Тие во соопштение до јавноста пишуваат дека протестот е против, како што велат, против неоправданото исклучување на печките во комбинатот за феролегури.

На ден 31.01.2017 (вторник) од 11 до 13 часот ќе го бликираме регионалниот пат Тетово кон Скопје кај наплатната рампа во Желино, двата правци. Синдикалните барања ќе бидат истакнати за време на протестот, соопштуваат од синдикатот.

На 2 ноември Југохром постапи по одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, кој донесе решение комбинатот да ги исклучи сите печки поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците.

Претходно, Југохром бараше ново 18 месечно продолжување на законскиот рок и договорот да постави филтри за отпрашување.