Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според овој документ објавен во материјалите на ЦИА посветени на Југославија, вклучително и Македонија, а кои се дел од 13 милиони документи кои од својата архива ЦИА ги направи достапни за светската јавност, се тврди дека Југославија на јужните падини на Шар Планина своевремено ги градела најголемите и најснабдени магацини за оружје.
27 магацини, камуфлирани со карпи, на висина помеѓу 1.500 и 2.000 надморски метри, на потегот помеѓу Тетово и Призрен, биле планирани да бидат изградени како најснабдени магацини со оружје во тогашна Југославија.
Магацините биле планирани на јужните падини од Шара, кај селата Бозовец, Вешала, Бродец, Шипковица, Селце, Сетоле, Лешок и Брезно, како и на северните падини кај селата Плајник, Куковци, Брдасавци, Манастирица, Мусниково.
Иако биле помалку на број во споредба со магацините на Динарските Алпи, сепак, овие магацини биле далеку поснабдени со оружје од другите.