Рома се засили со фудбалер на Лион!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рома донесе големо засилување кое треба да му помогне на тимот во битката за Скудетото, а станува збор за играчот на Лион, Клемен Грание.

Грание е 25-годишен играч за врска кој оваа сезона не добиваше многу шанса во Лион, но во Рома сметаат дека ги има потребните квалитети да го засили тимот.

Французинот доаѓа во Рома на шестмесечна позајмица, а доколку ги опрвада очекувањата римскиот клуб ќе има можност да го откупи целосно неговиот договор со Лион.

„Ни требаше ваков играч. Грание е одличен плејмејкер кој по своите карактеристики многу потсетува на Пјаниќ. Мислам дека ќе може многу да му помогне на тимот“, изјави тренерот Спалети.