Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипата на Хал синоќа го победи Манлестер Јунајтед во Лига купот од 2:1 и ја прекина серијата на „црвените ѓаволи“ од 17 натпревари без пораз.
Мурињо во свој стил го искоментира натпреварот и истакна дека не го признава поразот бидејќи видел само два гола, притоа алудирајќи на „спорниот“ пенал на домаќините.
„Ние не загубивме. Беше 1-1, јас видов само два гола. Го видов голот на Погба и нивниот, фантастичен погодок. Беше 1-1, ние сме непобедливи. Сметам дека серија од 18 меча без пораз е фантастична“, изјави во свој стил Мурињо.
„Јас не го видов првиот гол на Хал, ние славевме и сме во финале. Не сакам да зборувам за пеналот и за настапот. Мечот беше во наши раце, под контрола и нешто се случи за да се отвори натпреварот. Мечот беше мртов, тоа беше како што јас посакував. Не сакам да видам ништо повеќе, доволно е. Смирен сум, добро се однесував на клупата. Без исклучување, без казна, без зборови“, додаде „Специјалниот“.