Продолжува судскиот спор за Маѓар телеком: Ахмети и Богоевски на суд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Основниот суд Скопје 2 денеска е закажано рочиште по тужбата на лидерот на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери против поранешниот директор на ДБК Слободан Богоевски за клевета.

Тужбата се однесува на неговото сведочење за случајот Маѓар телеком во американскиот суд, што отвори корупциски скандал од големи размери.

Богоевски за 24 Вести вели дека не очекува дека ќе се одржи рочиштето бидејќи има поднесено барање за изземање на македонскиот суд.

И адвокатот на Богоевски, Валентин Зафиров потврдува дека македонскиот суд е ненадлежен да постапува.

Според поднесената тужба, Ахмети како отштета бара 3 милиони денари, а Џафери 2,5 милиони денари, за изјавата што ја даде Богоевски пред американската комисија за хартии од вредност, како и пред окружниот суд во Њујорк.

Богоевски сведочел дека со посредство на грчкиот бизнисмен Кондоминас, 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари, тогашниот премиер Владо Бучковски, Ахмети и Џафери за да се задржи монополот во телефонијата.