Поранешен играч на Реал: Гладен сум, не можам да издржам!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бред Хангеланд, некогашниот репрезентативец на Норвешка, откри неверојатни детали за Емануел Адебајор, поранешната ѕвезда на Арсенал, Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Тогоанскиот репрезентативец своевремено беше еден од најдобрите напаѓачи во светот и проценуван на повеќе од 30 милиони евра, а денес е без клуб.

Хангеланд ја дешеле соблекувалната со Адебајор во Кристал Палас, па се сети на еден момент од еден натпревар додека двајцата беа на противнички страни, односно додека тој беше во Фулам, а Африканецот во Тотенхем.

„Напаѓавме и јас го чував Адебајор на средината. Одеднаш ми рече: ’Ахх, гладен сум’. Го прашав за што зборува, а тој ми одговори: ’Не можам да дочекам да заврши натпреварот, гладем сум‘. Потоа ме праша да му препорачам некој ресторан“, се присетува Хангеланд.

Подоцна кога Адебајор пристигна во Палас, Норвежанецот сватил за што се работи.
„Додека вежбавме во теретана, тој пиеше кафе и јадеше крофни. Во тоа време го плаќаа Сити, Тотенхем и Палас, а тој седеше и пиеше кафе. Неверојатен талент, но премногу мрзлив“, додаде Хангеланд.