Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Девојка на возраст од 29 години е тешко повредена во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 10.40 часот кај кумановското село, Умин Дол.
Несреќата се случила кога автомобил БМВ со скопски регистерски таблици удрил во пешакот Е.Н. од Куманово, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи Девојката со тешки телесни повреди била пренесена во медицинскиот центар во Куманово, но поради тежината на повредите била префрлена во Ургентниот центар во Скопје.
Од 10:40 часот сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Скопје кај село Умин Дол се пренасочува, соопшти АМСМ.