Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Можете да не го сакате, но мора да го почитувате! Роџер Федерер блеска и во својата 35-та година, па преку Стан Вавринка се избори за ново финале на Австралија Опен, 28-мо во својата кариера.
Швајцарскиот ас по голема борба во пет сета славеше значајна победа над својот сонародник, Стен Вавринка и после седум години повторно ќе игра финале во Мелбурн.
Федерер одлично го започна мечот ги доби првите два сета со 7-5 и 6-3, но потоа следуваше негов пад. Третиот сет му припадна на Вавринка со убедливи 6-1, го доби и четвртиот со 6-4 и се избори за петти решавачки сет.
Во петтиот сет Федерер повторно ја крена формата, успеа да биде најдобар кога најмногу требаше го доби сетот со 6-3 и се пласираше во своето шесто финале на Австралија Опен.
Федерер својот противник во финалето ќе го дознае утре, кога ќе се одигра вториот полуфинален меч меѓу Надал и Димитров.