Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тешка сообраќајка се случила денеска околу пладне на булеварот Јане Сандански во скопската населба Аеродром, на една од поголемите крстосници во близина на автобуската постојка Тобако 2. Во сообраќајката учествувале три возила, опел, пежо и мерцедес, од кои едното е такси возило.
Од МВР за Телеграф велат дека две лица се здобиле со повреди во судирот и биле пренесени во Ургентниот центар.
Полицијата е на терен, а според тоа што може да се види од фотографиите од местото на настанот, возилата се значително оштетени и се наоѓаат на средината од крстосницата. Најтешко поминал мерцедесот, чија предна страна е целосно уништена. Допрва ќе се утврдуваат причините за несреќата, но се претпоставува дека е поради неприспособена брзина, како и поради лизгавите сообраќајници.