Тарифа и Тенк, два нови случаи кои ги отвори СЈО


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Специјалното јавно обвинителство отвори две нови истражни постапки под наслов Тарифа и Тенк.

Во случајот Тарифа осомничени се седум лица за залоупотреба на службената положба при јавна набавка на софтвер за потребите на ЕЛЕМ.

Осомничените овозоможиле, конзорциумот кој го добил тенедерот  да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација. Вредноста на склучениот Договор за јавна набавка е над четири милиони евра, соопштуваат од СЈО.

Втората постапка со наслов Тенк се однесува за набавката на мерцедесот по желба на тогашниот премиер. Во овој случај осомничени се две лица, првоосомничената го поттикнала второосомничениот да ја искористи својата службена положба и овластувања и при вршење на јавни набавки, незаконски да повласти, фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возило од тој тип.

Постои основано сомнение дека второосомничениот во постапка за јавни набавки иако бил свесен за незаконското привилегирање на определен економски оператор, сепак донел одлука за избор на најповолна понуда и склучил договор за јавна набавка на возило во износ од речиси 600.000 евра.