Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако американските таблоиди ја објавија веста за наводната врска помеѓу Бред Пит и Кејт Хадсон, како и тоа дека тој веќе се вселил во нејзината куќа, братот на актерката, Оливер Хадсон, на социјалните мрежи „пукаше“ шеги на сметка на наводниот заеднички живот со славниот актер.
„Пие од тетрапак и ја остава вратата од тоалетот отворена кога оди по нужда. Веќе ме вика ’брат’ и направи раздор помеѓу мене и мојот роден брат Вјат кој сега не разговара со мене“, напиша актерот најпознат по улогата во серијата The Rules of Engagement.
Оливер во целата приказна ја вклучи и својата мајка Голди Хаен, наведувајќи дека таа отворено кокетира со Пит и оди низ куќата во кратки и провокативни наметки за спиење.
„Во секој случај не е на арно. БП, време е да се отселиш. Си го сакам својот живот назад“, додаде Хадсон.