Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Дизајнерот Рикардо Тиси крена прашина во медиумите кога на социјалните мрежи објави фотографија на која е фатен во „триаголник“ со ангелите од Victoria’s Secret, Кендал Џенер и Бела Хадид.
Теси на фотографијата ја држи во прегратка припадничката на кланот Кардашијан-Џенер, додека симулира бакнеж со заводливата Бела Хадид која на себе носи провидна маичка.
Многумина оваа фотка ја толкуваа како обид на Бела да го испровоцира бившиот дечко, The Weeknd, кој неодамна после нивното раскинување, започна љубовна врска со Селена Гомез.
the weekend & selena gomez ? pic.twitter.com/Q7yiHi7cdw
— Complex (@Complex) January 11, 2017
Иако провокативната фотка е очигледно наместена, фановите не ги поштедија „актерите“ од истата од критики.
„Ова е болно“ и „Најди си девојка на твоја возраст, перверзнику“, беа само некои од коментарите кои ги упатија до модниот дизајнер.