Кинезите, кој друг: За 10 секунди струшија 19 згради, без да оштетат нешто друго


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кинеските градежници во Вухан изведоа контролирана експлозија со која за 10 секунди срушија 19 висококатници со по 12 ката, со цел на тој простор да се гради нов деловен кварт со деловни кули високи по 707 метри.

Просторот од 150.000 квадратни метри беше иселен неколку недели претходно. Комплексот се наоѓа во центарот на градот, а изведувачите на  зафатот имаа предизвик да ги преземат сите превентивни мерки за да не оштетат ништо друго во близина, вклучително и уличното осветлување и електричните столбови.

„Користевме пет тона експлозив кој беше поставен на 120.000 различни локации. Секоја експлозија се случуваше неколку микросекунди после претходната. Ефектите беа идеални. Експлозијата не оштети ништо друго во близина“, изјави Џиа Јонгшенг, директор на компанијата која го изведе овој комплексен потфат.

Ова е прв пат да биде користен ваков вид на експлозија, а за изведување на потфатот биле потребни четири месеци подготовка.