Сител и Канал 5 најгледани телевизии, 24 Вести најголем пораст во проценти на гледаност


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најгледани ТВ канали на територијата на Македонија во првиот квартал се националните ТВ канали Сител со просечен дневен досег од 37,29 проценти и Канал 5 со просечен дневен досег од 31,54 проценти , се вели во годишниот извештај на Агенцијата за аудио визуелни и медиумски услуги, објави Фактор.

На трето место во првиот квартал е ТВ Телма со 18,71 проценти просечен дневен досег. ТВ 24Вести во овој период има просечен дневен досег од 8,75 проценти .

Во вториот квартал ТВ Сител, ТВ Канал 5 и Телма бележат пад на дневниот просечен досег кој изнесувал 36,38 проценти, односно 29,54 проценти и 15,67 проценти наспроти растот на ТВ 24 Вести кој изнесува 9,96 проценти.

Третиот квартал продолжува со пад на дневниот просечен досег на 36,42 проценти на ТВ Сител. Канал 5 во овој квартал бележи раст кој достигнува 32,21 проценти, а досегот на Телма расте за 17,38 проценти. Просечниот дневен досег на ТВ 24 Вести ја продолжува серијата на раст и во третиот квартал изнесува 12,42 проценти.

Четвртиот квартал од 2016 год. бележи раст на сите погоре анализирани телевизии. Досегот на ТВ Сител изнесува 40,83 проценти, на Канал 5 36,67 проценти, а на Телма 23,21 проценти. Просечниот дневен досег на ТВ 24 Вести запиша квартален раст на 15,42 проценти во последниот четврт квартал.