Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Светот нема запаметено многу фудбалер како него. Беше фантастичен напаѓач, за репрезентацијата на Шпанија одигра повеќе од 50 натпревари, беше капитен, лидер и омилен соиграч.
Станува збор за Жосеб Елебериа! Беше еден од најдобрите шпански фудбалер на сите времиња, стандарден репрезентативец и еден од најдобрите играчи кои Атлетик Билбао го имал во својата историја.
Кариерата ја започна во Реал Сосиедад каде како малолетен заигра на највисоко ниво, а потоа премина во клубот од неговото детство, клубот каде од секогаш сакаше да игра, а неговиот трансфер направи една од најголемите танзии меѓу баскиските клубови. Таму и го помина остатокот од кариерата – никогаш никаде не замина.
Не сакаше, а можеше да бира. Кога играч одигра 50 натпревари за шпанската репрезентација, а притоа не игра за Реал или Барса, тогаш тоа е реткост која заслужува респект.
Посебен, каков што од секогаш беше Ечеберија на залезот на кариерата покажа карактер. Одлучи последната година од својот договор да ја одработи бесплатно. Играше за клубот кој најмногу го сака и за тоа не сакаше ни едно евра. А пример!