Медиумите тврдат: Ова е првото летно засилување за Интер!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што пренесуваат грчките медиуми дефанивецот на Рома, Костас Манолас следното лето ќе се пресели во Интер за трансфер вреден 40 милиони евра.

Италијанските медиуми неодамна пренесоа дека Манолас ќе биде примарна трансфер цел за Интер следното лето. Новите сопствениците сакаат да направат конкурентен тим и имаат финансиски средства за тоа.

Манолас е на мета на многу големи клубови ширум Европа, како Челзи, Манчестер Јунајтед, но Интер има предност бидејќи Гркот сака да остане во Италија.

Поранешниот претседател на „нероаѕурите“, Масимо Морати потврди дека следното лето новите сопственици ќе потрошат голема сума на пари и ќе донесат неколку големи имиња на „Џузепе Меаца“.