Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во еден канадски шумски предел е изградена колибата Micro Cabin, која има површина од само 10 метри квадратни.
Колибата, дело на студиото Larocque Elder Architects, претставува совршено место за одмор, размислување и креативни активности, далеку од вревета на модерниот свет.
Куќарката не е поврзана на електродистрибутивниот систем и единственото осветлување во неа е природното, а за греење користи печка на дрва. Колибата е изградена од темно дрво со што таа е во целосен контраст со нејзиното опкружување во текот на зимските снежни месеци.
За максимално искористување на целата површина на колибата, просторот за спиење е сместен над делот за дневен престој. Иако мала, оваа колиба нуди се што е неопходно за заштита од студеното време, дождот, снегот и ветерот и за уживање во топлина и мир.