Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Уморот и падот на енергијата може да бидат резултат на нередовната и несоодветната исхрана. Затоа, без разлика на работните обврски, важно е секогаш да се грижите за редовните и здрави оброци.
Енергијата за многу брзо време може да ја повратите со банани и бадеми, но ако не сте расположени за грицкање, тука се чаевите.
Еве неколку вида чаеви кои влијаат на враќањето на енергијата.
Ѓумбир – Чајот од пикантен ѓумбир може да се пие топол или ладен, а главната карактеристика му е да го загрее организмот, да ги намали воспалителните тегоби и да го подобри имунитетот.
Ментол – делува смирувачки и ги зајакнува нервите. Ако чајот го комбинирате со рузмарин и маточина, ќе ја зголемите психичката отпорност и побрзо ќе се опоравите од емотивната нестабилност. Исто така ќе ви се повратат позитивните мисли.
Лимон – ја враќа енергијата и го подобрува имунитетот. Се препорачува да се пие во првиот дел од денот, бидејќи може да ве расони.
Зелен чај – содржи кофеин па се пие како стимуланс, но и како силен имуностимулатор. Зелениот чај е сојузник на многу диети бидејќи помага при согорување на мастите.
Црн чај – поради кофеинот делува стимулирачки и ја намалува поспаноста и уморот. Може да го консумирате наместо кафе.
Шипка – богата е со флавоноиди и неговата улога во оправувањето на организмот е голема. Има интензивна арома која ќе ве расони.
Коприва – силно средство за прочистување на крвта, а може да придонесе и при побрзо исфрлање на отровите од телото.
Лотос – се препорачува да се користи за дишните органи, а особено за акутен и хроничен бронхит.