Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Продолжуваме со снежните врнежи и во вторник. Истите ќе ги имаме во поголем дел од денот, но со промена во интензитетот.
Најслаби ќе бидат на североистокот од земјава, а најинтензивни во југозападниот крај. Локално, во југоисточниот регион врнежите ќе бидат од влажен снег, а повремено ќе преминуваат во дожд мешан со снег.
Утринската температура ќе биде во дијапазонот помеѓу минус 5 и минус 1 степен Целзиусов. Максималната денеска ќе има вредности околу 1 степен во северниот и југозападниот крај, а на југоисток околу 4 Целзиусови.
На планинските места, пред се во западниот регион, во текот на вторник се очекува да се зголеми снежната покривка за околу 10 до 15 сантиметри.
Скопскиот крај го очекува претежно облачно време со повремени врнежи од снег. Наутро очекуваме минимална околу минус 5 степени, а максималната температура нема да надмине 1 степен.