Официјално: Робен останува во Баерн!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот на Баерн Минхен, Арјен Робен денес го продолжи договорот со германскиот клуб на уште една година, потврди баварскиот клуб.

Од Баерн соопштија дека договорот со холандскиот фудбалер е продолжен до јуни 2018-та година. Робен е скоро осум години фудбалер на Баерн, каде дојде во трансфер од шпанскиот клуб Реал Мадрид во 2009-та година.

Робен досега има постигнато 82 гола во 152 првенствени натпревари за Баерн, 14 голови во 23 натпревари во германскиот куп и 21 гол во 53 меча во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и победоносниот гол против Борусија Дортмунд во финалето од 2013-та година.