Осум милијардери имаат пари колку половина светска популација заедно


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Осум милијардери поседуваат богатство колку половина од населението во светот, пишува The Telegraph, а пренесува Стандард.мк. Бил Гејтс, Амансио Ортега, Ворен Бафет, Карлос Слим, Џеф Безос, Марк Закерберг, Лери Елисон и Мајкл Блумберг, ако се здружат и запнат, можат да го купат половина свет, оти толку им тежат банковните конта и капиталот кој го поседуваат.

Истражувањето спроведено од Oxfam утврдило дека јазот меѓу богатите и сиромашните е многу поголемо од очекуваното и повикува на суштински промени во деформираната економија која овозможува мала група да има поголемо богатство, отколку што може да потроши, додека еден на секој девет е гладен.

Студијата излегува токму пред отворањето на Светскиот економски форум, кој се одржува секоја година во швајцарското ски одморалиште Давос и кој често е критикуван поради тоа што е повеќе се зборува за богатите и моќните.

Нееднаквоста не само што држи милиони во сиромаштија, но тоа ги дели нашите општества и ја труе нашата политика, велат од Oxfam.

Оттаму ги повикуваат светските лидери да ја подобрат меѓународната соработка, за да го сопрат избегнувањето на плаќање на даноци; да преземат акција, стимулирајќи ги компаниите да дејствуваат во корист на персоналот и на акционерите; да ги пренасочат даноците на богатство за финансирање на здравството, образованието и создавањето на работни места; како и да ги подобрат можностите за жените.