Кај нив пука бизнисот со лешници, годишно инкасираат 2 милијарди евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Турција е светски лидер во одгледување и извоз на лешници. Дури 70 проценти од целокупното светско производство на лешници се реализира во Турција.

Турските извозници лани донесоа  1,998 милијарди долари од извоз на 227 556 тони лешници. Нив ги извезуваат најмногу за Италија, Франција и Германија.

Спотед Едип Севинч, претседател на Здружението на извозници на лешници во Црноморскиот регион се работи за одлични бројки кои што ке сакаат да ги повторат и годинава.

52 проценти  или 118 000 тони лешници се произведени и извезени од 4 компании во Трабзон. Така да половината од заработката добиена од извозот на лешниците или 1 милијарда долари останаа во Трабзон.

Турција како најголем светски производител и извозник на лешници планира во 2023 година да оствари 4 милијарди долари од извозот на лешници.