Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е клуб со најголем долг во Европа, односно 536 милиони евра. Ова звучи навистина неверојатно ако се знае дека клубот од „Олд Трафорд“ е еден од најбогатите во светот.
Долгот на Манчестер Јунајтед е за 200 милини евра поголем од вториот најголем должник, а тоа е Бефика која должи 336 милиони евра, според официјалните податоци на ФИФА.
И додека кај сите клубови долгот постојано се намалува, долгот на Манчестер Јунајтед пораснал за 25%. Сепак, „црвените ѓаволи“ не мора да се грижат бидејќи нивните годишни приходи се 521 милиони евра.
Многу ризикуваат клубовите како КПР и Фенербахче, кои должат околу 200 милиони евра, но тоа е 480% повеќе од моменталните приходи и вредноста на клубовите.