Жребот за АО: Мари почнува со Марченко, Ѓоковиќ со Вердаско


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ одбраната на титулата на Австралија Опен ќе ја започне против Шпанецот Фернандо Вердаско, додека првиот носител на грен слемот во Мелбурн Енди Мари на стартот ќе се сретне со Украинецот Иља Марченко.

Шесткратниот победник на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ, турнирот ќе го отвори против Шпанецот Фернандо Вердаско. Србинот и Шпанецот се сретнаа пред десетина дена во полуфиналето на турнирот во Доха, победи Ѓоковиќ со 2:1, откако во вториот сет успеа да спаси пет меч топки.

Доколку победи во првото коло, веројатен противник на Србинот во втората рунда ќе биде Денис Истомин, а во неговата половина на костурот се наоѓаат третиот светски рекет Милош Раониќ односно Рафаел Надал.

Енди Мари кој прв пат во кариерата на еден грен слем ќе настапи како прв носител, во првото коло ќе игра против Украинецот Иља Марченко, а во второто коло потенцијален ривал му е Јан-сун Лу.

Третото коло на Мари најверојатно ќе му го донесе Американецот Сем Квери, кој на последниот Вимблдон го елиминира Ѓоковиќ, а потенцијален ривал во четвртфиналето ќе му биде Роџер Федерер, доколку Швајцарецот во осминафиналето го победи Кеи Нишикори. Во делот од костурот каде се наоѓа Мари е и четвртиот играч на АТП листата Стан Вавринка.