Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бројот и процентуалната застапеност на жени без деца во Европа се зголемува. Тоа е случај пред се во земјите на југот на континентот, кои се погодени од економски проблеми. Сепак, уште не е достигнат рекордот од почетокот на 20-тиот век, покажува новиот француски извештај објавен од Националниот институт за демографски студии INED.
Во истражувањето е спореден уделот на жени (кои немале деца) родени во периодот од 1900 до 1972 година, и по 1972 година. Се покажало дека деца немала секоја четврта жена родена во првата деценија на 20 век (т.е. 25 проценти). Меѓу жените родени по 1970 година, тој удел изнесува 14 проценти, т.е. секоја седма жена.
Во Првата светска војна (1914 год.) животите ги изгубиле голем број млади мажи на возраст за женидба, а економската криза од 1930-тите ги приморала најсиромашните да се иселат во побогатите земји, со што се објаснува масовното одложување на мајчинството од првата четвртина на 20-от век.
Со економскиот раст и воспоставувањето на системот за социјална заштита, значително опаднал соодносот на жени без деца. Напротив, настапил таканаречениот Бејби бум, кој траел до 1975 година, со стапка на плодност од 2.1 дете по жена. Тогаш, меѓу младите жени родени во почетокот на 1940те години, деца немала дури секоја 10.
Тогаш, меѓутоа, стапката на плодност почнува да опаѓа, па меѓу жените родени околу 1974 година изнесува 1.7 деца по жена.
Ефикасната контрацепција, подоцното раѓање, поголемата нестабилност на врските, желбата пред се да се добие работа (која е се понестабилна), и се поголемата неизвеност“ се веројатно фактори што допринеле за падот на стапката на плодност, се наведува во анализата.