Вака најдобрите американски аналитичари го гледаат светскиот политички поредок за пет години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Секои четири години американските безбедносни аналитичари се обидуваат да ја предвидат иднината. Во годинешниот извештај, објавен во очи вселувањето на Доналд Трамп во Белата куќа, аналитичарите предвиделе големи промени во меѓнародната политика во наредните пет години.

Националниот разузнавачки совет, единица формирана во рамките на Канцеларијата на директорот на националната разузнавакча служба, предвидува потенцијален крај не само на американскиот статус на суперсила, туку и уривање на самите темели на таа сила : отворена меѓународна економија, воени сојузи на САД во Азија и Европа, либералните и институционални права како заштита а човековите права и институции како што е Светската трговска организација.

Трамп често го изразуваше противењето на основните елементи на овој меѓународе ред – посебно кога станува збор за споразумите за слободната трговија, воените сојузи и демократијата која Америка ја промовира надвор од своите граници. Меѓутоа, тој сака да ја задржи доминацијата на САД во светот.
Сепак, денес, големите сили се мачат во обидот да соработуваат во однос на прашањата чии последици можат да бидат глобални и агресивно дејствуваат во своите делови од светот. Во наредните години, Националниот разузнавачки совет предвидува дека моменталниот меѓународен систем ќе биде поделен на спротивставени регионални сфери на влијанија.

Во еден од примерите како светот би можел да изгледа, авторите предвиделе дека до почетокот на 2020-те години, Трамп би можел да продолжи да биде претседател, Кина , Русија и Иран веруваат дека САД се повлекува од светот заради поделени внатрешни политики и хаотични владини финансии. Заради тоа, Кинезите, Русите и Иранците имаат намера да го прошират своето влијание на соседните земји, така што, до средината на 2020те години силите во центарот на регионалната сфера ќе го потврдат своето право на економско, политичко и безбедносно влијание во рамките на своите региони, се наведува во извештајот.

Авторите на извештајот, предвидуваат дека Кина бара начини да го реши проблемот со лошата состојба со животната средина, или вбризгувањето на аеросолните сулфати во атмосферата, со што ќе наштети на државите во околина. Извештајот, исто така, предвидува спор економски раст. Индија ќе биде најбрза растечка економија во наредните пет години, додека кинеската економија ќе забави, а растот во останатите земји ќе се рашири, наведуваат авторите. Економскиот раст на САД ќе биде умерен.

Исто така, превдидуваат дека заканите од тероризам ќе растат, а можно е да дојде и до пораст на национализмот, па ќе дојде до судири помеѓу одредени земји. Извештајот предупредува и дека популистичките авторитарни политики би можеле да бидат закана за либералната демократија.