Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона, Алавес, Реал Сосиедад и Алкоркон му се приклучија на Атлетико Мадрид во четвртфиналето на Купот на Кралот.
Барселона по поразот во Билбао, во реваншот славеше над Атлетик 3:1, а спасител повоторно беше Меси кој во 78-та минута погоди од слободен удар. Аргентинецот од почетокот на годината има постигнато три гола од слободни удари.
Претходно Луис Суарез го постигна првиот гол во 35-та минута, а во 48-та Нејмар од пенал зголеми на 2:0. Атлетик одговори во 51-та минута кога Соборито намали на 2:1.
Решавачкиот момент се случи во 78-та кога Меси од слободен удар на „погрешна нога“ го фати голманот Ираизоз.