Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роберто Гаглиардини е нов играч на Интер, откако денес успешно ги помина медицинските прегледи во Милано.
Имено, трансферот помеѓу Интер и Аталанта беше договорен синоќа, а играчот веста дека се сели во Милано ја дозна во автобус кога заедно со соиграчите патуваше во Торино, каде веќерва ќе играат против Јувентус.
Одличниот играч за врска ќе биде позајмен во Интер до крајот на сезоната за 2 милиони евра, а потоа „нероаѕурите“ ќе го откупат договорот за 20 милиони евра плус 3 милиони евра како задолжителни бонуси.
Целиот трансфер ќе ги чини „нероаѕурите“ 25 милиони евра, а избрана е ваква формула поради финансискиот фер-плеј бидејќи Интер не може да ги плати сите пари во зимскиот преоден рок.
Гаглиардини блесна оваа сезона во дресот на Аталанта и со само 14 настапи во Серија А го привлече вниманието на сите големи италијански клубови.
23-годишниот Италијанец е универзален играч за врска и може да игра на сите позиции во средниот ред.