Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона и понатаму се наоѓаат во центарот на вниманието, поради бојкотот на гала свеченоста на ФИФА.
Фудбалерите на Барса си навлекоа непотребен негативен публицитет со ваквиот потег, па готово сите медиуми и целата спортска јавност го осуди ваквиот потег на Каталонците.
Официјалната верзија од Барселона е тоа дека играчите се подготвуваат за мечот од Купот на Кралот. Сепак според шпанските медиуми проблемот е во тоа што играчите се скарале со челниците на клбот и на овој начин сакале да покажат дека не ги извршуваат сите задачи од клубот.
Според пишувањата на „Марка“, Андрес Иниеста им се јавил на играчите на Реал Мадрид и им се извинил за отсуството.
Капитенот на Барселона разговарал со колегите од репрезентацијата и им соопштил дека одлуката да не се појават на церемонијата во Цирих нема никаква врска со нив.