Паметна четка од L’Oreal која ја чува вашата коса од кубење при чешлањето


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Козметичкиот гигант L’Oreal на Саемот за технологија во Лас Вегас претстави паметна четка за коса опремена со сензори кои на корисниците им овозможуваат да го подобрат својот начин на чешлање.

Четката наречена Hair Coach ќе се продава за 200 долари, а меѓу другото содржи микрофон, жироскоп и акцелерометар. Исто така и вибрира ако пресилно се чешлате.

Нејзиниот микрофон снима звуци на кинење на коса, а други сензори се користат на сопственикот да му донесат изглед на фризурата која ја посакува.

Регистрираните податоци ги споделува по пат на безжичен интернет или блутут со апликација, а софтверот таа информација ја користи за проценка на квалитетот на косата и ги следи ефектите од различните рутини на нејзиното одржување и препорачува производи.

„Би се изненадиле колку жени во светот се загрижени поради кинење на косата“, рече потпретседателот на секторот за истражување и иновации на L’Oreal, Ги Балок за ВВС.

„Еден од главните предизвици при чешлањето на косата е токму внимателноста како да не се четка премногу и да се зачуваат влакната“, додава тој.