Ахмети: Тешко до Влада без прифаќање на платформата, можни се нови избори


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека без прифаќање на платформата на албанските партии подоброо е да има нови избори оти инаку тешко дека е можно да се формира влада.

Ова го изјави вечерва во интервју за телевизијата ТВ 21 потенцирајќи дека од ова не би имало подобро решение доколку ниедна од преговарачките страни не ја прифати нивната платформа.

Зашто да не. Сигурно е дека неприфаќањето на платформата од кој било субјект, ќе ја однесе земјата кон нови избори.

И покрај инсистирањата на водителот да каже јасно дали им верува на ВМРО ДПМНЕ дека тие би  прифатиле било што од платформата, особено по изјавите на Груевски дадени за Дневник, Ахмети избегнуваше да ги обвини или критикува за било што досегашните коалициони партнери. Во тонот се обиде да даде привдна рамноправност во начинот на кој што ги третира ВМРО ДПМНЕ и СДСМ давајќи кфалификации во духот на ставот дека и тие и тие исто толку не направија или направија за Албанците, но сепак, кон  СДСМ беа упатени поостри пораки.

За повиците на СДСМ во кампањата за заедништво како и за изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека двојазичноста е прифатлива за нивната коалциија, Ахмети рече дека тоа може да бидат и празни зборови. А истото го одговори и на прашањето дали верува дека ВМРО ДПМНЕ ќе прифати вакви барања кога веќе еднаш кажа дека тоа нема да го направи.

Прашањето е колку докази дадовте. Работите кои се кажуваат за добивање на дневно политички поените и истите не се претставуваат  во  ниедна програмна агенда потпишана и печатена од органите.  Јас нема да бидам адвокат ниту на едниот ниту на другиот, не верувам во тооа што е кажано само за дневно политички цели. Јас ги познавам добро и двете страни и да бидам искрен со вас, тие воопшто не се разликуваат кога  станува збор за третирање  на албанските прашања, рече тој,

Ахмети му порача директно на Груевски дека рокот да размисли за договор со нив е до 29 јануари и кажа дека единствено тој во ДУИ, согласно статутот, е надлежен да преговара со Груевски.