Испраќање со стил: Стриптизерки и музика на погребот од тајвански политичар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Необична и несекојдневна поворка помина по улиците од тајванскиот град Чиаји, која беше дел од погребот на тамошниот политичар, предводена од 50 танчерки на шипка.

А снимката направена минатиот вторник, на која се гледа како џипови со танчерки на покривите се движат по улиците од тајванскиот град, ги преплави социјалните мрежи. Сета таа сцена беше надополнета со гласна музика во живо, а поради минувањето на џиповите сообраќајот во центарот на градот беше привремено запрен.

10-1-pogreb-politicar-tajvan1

Поворката беше дел од погребот на локалниот политичар Тунг Хсианг, кој почина во декември, а се движеше кон неговото последно почивалиште. Неговото семејство откри дека тој беше голем љубител на журката и забавата, па во тој стил му го организираа и неговиот погреб.

Тунг почина на 76-годишна возраст од болест која не беше јавно обзнанета. Со децении беше политички активен, а ја вршеше службата на локален пратеник. Неговиот брат открива дека починатиот два дена пред погребот „му се јавил на сон и му кажал каков погреб сака да му организираат“.

„Ова го викам погреб“, „Тајван е шампион во организирање погреби“ и „Дали ова значи да си народен пратеник?“ се само многу мал дел од коментарите кои беа испишани под споделбите на социјалните мрежи на ова видео.