Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе водат голема битка за потписите на Дени Роуз и Кели Валкер од Тотенхем, пренесуваат англиските медиуми.
Роуз и Валкер брилјираат ова сезона и се сигурено меѓу најдобрите бекови во Премиер лигата, па го привлекоа вниманието на манчестерските клубови.
Англиските медиуми тврдат дека Мурињо е одлучен во намерата да го донесе дуелот на „Олд Трафорд“ и спремил понуда од 60 милиони фунти.
Сепак, Португалецот треба да се избори со силната конкуренција бидејќи Гвардиола во Роуз и Валкер гледа долгорочно решение за бековските позиции на „граѓаните“.
Се разбира, последниот збор ќе го има Тотенхем кој не сака да се раздели од своите најдобри фудбалери.