Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Облачната ноќ кон вторник ќе спречи поголем пад на температурата, но и покрај тоа минималнатa температура низ котлините ќе има вредност помеѓу минус 12 и минус 17 степени, а на повисоките места околу минус 19 Целзиусови.
Денот ќе измине во услови на облачно време, со услови да провее слаб снег, пред се во источните и јужните делови од земјата. Кон крајот на денот облачноста постепено ќе се расчистува, почнувајќи од западниот регион.
Климатолошки кажано, 10 јануари ќе биде мразен ден, односно во текот на целиот ден температурата ќе остане со негативна вредност. Максималната температура ќе има вредност во границите помеѓу минус 10 и минус 7 Целзиусови, а на југ околу минус 4 степени.
Скопскиот крај го очекува облачно време, но приквечер со тенденција на намалување на облачноста. Не е исклучена можноста наутро да провее сосема слаб снег. Минималната ќе се спушти до околу минус 14, а максималната нема да надмине минус 6 степени Целзиусови.