Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите вообичаено важат за типови на мажи кои жените ретко ги одбиваат и кои се еднакво успешни и на љубовен план.
Но, ваквиот стереотип кој кружи меѓу јавноста, а кој ги охрабрува во своите заводнички потези и самите фудбалери, не се потврди како точен во случајот на фудбалерот на Миделсборо, Уругваецот Гастон Рамирез.
Рамирез се обидел да се запознае со една девојка чии фотографии ги видел на Инстраграм и и пишал приватна порака, со цел да се запознаат.
Но, одговорот од типката не бил онаков каков што веројатно очекувал Рамирез. На неговата порака до девојката по име Зои Вилсон: „Дали си сингл“, таа одговорила: „Јас сум, но ти не си“, по што ми пратила и копии од написи за неговиот приватен живот и за сопругата Микаела Дуарте објавени во таблоидите.
За работата да биде уште полоша за Рамирез, Вилсон целата нивна преписка ја објавила на својот налог на Твитер.
Инаку, Рамирез не само што е во брак со Дуарте, туку на почетокот на минатата година тие добија и дете.