Кафуле „Версаче“ од над 600.000 евра: Шенки од Арачиново си го исполни сонот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шенки Маслани, познат во јавноста како Шенки Версаче, кој што е еден од најголемите љубители на истоимениот моден бренд, денес со почеток во 16 часот свечено ќе го отвори својот кафе бар ,,Версаче’’ лоциран во трговскиот центар Мавровка, пренесува Фокус.

Кафулето кое што Шенки го подготвуваше со месеци, комплетно било спремно да ги прими своите гости, а гордиот сопственик ветува дека сите ќе бидат воодушевени од начинот на кој што е уредено.

6-1-kafebar-versace1

,,Целиот инвентар го купив од Италија. Ништо не е оставено на случајноста, секој детал е внимателно испланиран и секоја ситница е во знакот на ,,Версаче’’. Ми беше потребно многу време и труд, а секако и многу финансии за да му подарам на Скопје, но и на целиот регион едно вакво уникатно место. Досега вложив над 600.000 евра, но локалот ќе го надградувам постојано, ќе ги следам сите модни трендови, и гостите секој пат ќе ги дочекува ново пријатно изненадување. Си го остварив мојот сон, денес во 16 часот свечено ќе ја пресечам црвената лента, и ќе ги отворам вратите на едно прекрасно место. Очекувам многу гости, и се надевам дека сите посетители ќе се чувствуваат пријатно, но и неообично, како да се во некој друг свет, во светот на ,,Версаче’’, кој што е моја ѕвезда водилка низ животот’’- раскажува за ,,Фокус’’ арачиновецот.

6-1-kafebar-versace2

Тој е познат по тоа што и целиот дом му е во знакот на ,,Версаче’’. Од мебел, постелнина, апарати за домаќинство, автомобили, базен, козметика, завеси, садови, па се до целиот гардеробер.

6-1-kafebar-versace3

Неодамна ни изјави дека уредувањето на домот го чинело околу милион евра, а се започнало во 2009 година. Постојано му се јавувале новинарски екипи од целиот свет, заинтересирани за неговата приказна, но сите ги одбивал, бидејќи имал премногу работни обврски со својот бизнис со автомобили и немал многу слободно време.