Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После скоро 15 години од „варошката“ романтична драма/комедија „Зона Замфирова“, во режија на Здравко Шотра, снимена според книгата на Стеван Сремац, на 24 јануари ќе биде премиерата на второто продолжение на оваа сага со наслов „Врати се Зоне“.
Во првото и легендарно издание во улогата на Зоне блесна прекрасната и заводлива Катарина Радивојевиќ, а Мане го глумеше Војин Ќетковиќ. Во екипата беа и Милена Дравиќ, Драган Николиќ, Никола Ѓуричко и Радмила Живковиќ.
Второто продолжение има сосема нова екипа како зад сцената, така и пред камерите. Зоне ја игра Бранкица Себастијановиќ, а улогата на Мане ја има Милан Васиќ. Покрај нив, во филмот играат и: Милан Лане Гутовиќ, Горица Поповиќ, Љиљана Стјепановиќ, Никола Ристановски, Тања Бошковиќ, Бранко Ѓуриќ, Иван Беќарев, Нела Михаиловиќ, Милан Калиниќ како и плејада млади актери.
Реализацијата е во продукција на ZoneGrad, а продуцент е Мирослав Митиќ. Сценариото е потпишано од Мирослав и Ивана Митиќ, а режијата е на Југ Радивојевиќ. Автор на музиката е Александар Седлар.
Судејќи според најавното видео, ова очигледно ќе биде само бледо враќање на популарните ликови од одличниот прв филм на Шотра, кое ќе остане во сенка на популарноста и успехот на првиот дел. Сепак, да не бидеме судии однапред, да ги почекаме реакциите на публиката.