Home Спорт Видео: Барса со двајца играчи повеќе загуби во Билбао!

Видео: Барса со двајца играчи повеќе загуби во Билбао!

Атлетик Билбао славеше над Барселона со 2:1, во првиот осминафинален натпревар во Купот на Кралот.

Барселона со најсилниот состав и со двајца играчи повеќе, колку што имаше во последните десет минути, не успеа да го избегне поразот на „Сан Мамеш“.

Атлетик во средишницата од првото полувреме постигна два гола и стигна до убедлива предност. Најпрвин ветеранот Адурус, а потоа и Инаки Вилијамс го совладаа Тер Штеген.

Барса се врати во мечот со голот на Меси од слободен удар во 52-та минута. До крајот Барселона не успеа да ја искористи предноста, кога Атлетик најпрвин остана без Раул Гарсија, а потоа и без Итураспе. Меси во последните секунди го погоди дирекот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…