Интензивно се гради црквата „Св. Наум“ во Прилеп


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интензивно се одвиваат работите за изградба на црквата Свети Наум во Прилеп која што е лоцирана во близина на Паркот на Револуцијата. По повод денешниот христијански празник, Свети Наум Охридски, пред црквата се одржа водосвет и режење на славскиот колач. На настанот присуствуваа голем број на верници.

„На сите православни христијани им го честитам денешниот празник Свети Наум Охридски Чудотворец. Оваа црква се гради со поддршка на МПЦ и локалната самоуправа и очекуваме таа да биде завршена некаде во месец јули оваа година“, изјави Бошко Талески, иницијативен одбор за изградба на црквата.

Инаку ова е четврта црква која се изгради во Прилеп во последните неколку години.

_mg_2529
„На сите верници од православна вероисповед им го честитам овој голем празник, им посакувам многу здравје и среќа. Голема благодарност до црковниот одбор, до граѓаните на Прилеп и бизнис секторот кои заедно со локалната самоуправа имаат помогнато при изградбата на оваа црква. Претходно без изградени црквите, „Свети Константин и Елена“ во типската населба, црквата „Свети Пантелејмон“ во кругот на општата болница Прилеп и црквата „Света Петка“ во населбата Точила, а сега верниците ќе имаат уште една црква во нашиот град. Во иднина се планира Прилеп да добие уште три нови верски храмови кои е планирано да бидат изградени во населбите Тризла, Сточен пазар и Марино Маало“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Инаку моментално интензивно се работи исто така и на обнова на конаците на манастирот Трескавец, а претходно комплетно нови конаци добија манастирите „Св. Преображение“ во Зрзе, манастирот „Св. Никола“, во село Манастир-Мариoво, а се изгради и источниот конак на манастирот „Св. Архангел Михаил“ во населбата Варош.