Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новата научна студија тврди дека чили пиперчето има одлично позитивно влијание врз канцерогените клетки, буквално терајќи ги да се самоуништуваат, а научниците тврдат оти веќе е докажано дека тоа делува кај карциномот на дојка, но функционира и кај други канцерогени заболувања.
Неодамнешното истражување поврзано со чили пиперчето открива дека тоа може да биде корисно оружје во борбата против ракот на дојката. Неговата состојка капсацин, кој му дава жестокост во вкусот на чилито, може да ги натера клетките од карциномот на самоуништување. Но, капсацинот не е ефикасен само кај ракот на дојка.
Научниците претпоставуваат дека еднакво ефикасно може да влијае и на карциномот врз дебелото црево, коските и панкреасот. Експертите од Универзитетот Рур во Бохум, Германија, третирале примероци од човечки клетки заразени со карцином на дојка како ќе реагираат под влијание на оваа жестока состојка, по што откриле дека капсацинот има способност да ги уништува.
Доктор Леа Вебер, за списанието Breast Cancer Targets and Therapy, вели дека е востановено оти капсацинот може да поттикне изумирање на заболените клетки и да го намали растот на малигните клетки кај многу различни видови на карцином, додека нормалните, здрави клетки остануваат неоштетени.
Кога капсацинот ќе доде до канцерогените клетки, жестокиот состав на оваа состојка се прилепува за клеточната мембрана и го вклучува клеточниот рецептор TRPV1. Тој рецептор е каналот кој ги контролира супстанците како калциум и натриум при влезот и излезот од клетката.
Кога TRPV1 е вклучен поради капсацин, канцерогените клетки работат прекумерно и почнуваат да се самоуништуваат. Колку повеќе клетки изумираат, толку помалку туморот расте и се шири. Ова сознание е во склад со резултатите до кои дојдоа друг тим научници.
Имено, и тие успеаја да покажат одредено забавување на растот на клетките од карциномот на дојка под дејство на стимулација со капсацин. Тоа не значи дека е доволно да јадете чили за да се излечите од рак, секако. А и капсацинот не можете да го земате на своја рака. Ефикасен е во комбинација со други лекови кои целат на малигните клетки, пренесува Wales Online.