Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Редок астролошки настан ќе биде евидентен од 7 јануари до 6 февруари оваа година кој се дефинира со кратенката APDM, што значи All Planets in Direct Motion, или во превод Сите планети во директно движење.
Оваа фраза е воведена Стефани „Вејв“ Форест, која е првиот астролог кој има објавено статија за оваа ситуација. APDM е период кога сите планети ќе се движат во директно движење. Трае само еден месец, а како космички настан се перцепира како период на голема среќа и најдобро време за искористување на можностите кои ви се нудат.
Тоа е период кога перспективата на Земјата моментално станува како онаа на Сонцето. Вибрациите на соларниот систем ќе ги произведуваат некои од нивните најсилни соларни влијанија за оние кои се подготвени да ги прифатат новите предизвици.
Што е „директно движење“?
Кога една планета се движи со нејзината нормална ротациона брзина, а таа брзина е еднаква како онаа на планетата Земја, тоа се дефинира како „директно движење“. Но, како што сугерира самото име APDM, од 7 јануари до 6 февруари не само една планета, туку сите планети ќе бидат во директно движење. Астролозите велат дека овој период треба да го искористите за прифаќање на нови предизвици, авантури, животни потези, па следствено го препорачуваат како одличен период и за брачни понуди.
Исто така, преземање нови деловни потфати, започнување нови бизниси и слични материјални потези се еднакво препорачани за овој период, велат астролозите. А луѓето кои се занимаваат со медитирање ширум светот повикуваат на заедничко, колективно 30-минутно медитирање низ цел свет, секој ден во исто време, во 1 часот попладне според планинско време.